Мајката на Aлександар Наќевски, едно од убиените момчиња кај Смилковско езеро, на денешното судење за предметот „Монструм“ побара од судот да се утврди улогата на двајцата непознати сторители, тие да се вклучат во истрагата, бидејќи се посочени како виновни, како извршители на убиството од заштитениот сведок. Таа доброволно, со ризик дека може кривично да одговара, за првпат откри дел од транскриптите од разговорите на обвинетите.
„Се слуша гласот меѓу Фејзи Азири и едното од тие непознати лица: ‘Вечерва сонував еден многу лош сон. Како му ги врзаа рацете на момчето и плачев. Па си велев да не не се израдував, да не не го докрајчив тој никаквецот’“, рече мајката на Александар Наќевски
Таа продолжи: „Гласот му се знае, а вие го водите како Н.Н. лице“.
Мајката од судот побара телефонот од нивното дете да им биде по вратен по шест години, затоа што, како што рече, тоа за нив е многу важна работа.
„Нашите деца во четврток се убиени. Во петокот околу пладне ги донесоа. Цела ноќ и тоа пладне очите им солзеа. Сите што си поигруваат со нашите чувства се плашат од солзите на нашите деца“, рече таа.
С. К. ДЕЛЕВСКА