Ниските откупни цени, незаинтересираноста на Владата да помогне во пласманот, увозот на зеленчук од Албанија, Грција и Турција, ги крена струмичките земјоделци на протест со земјоделска механизација. Мирниот протест започна во селото Куклиш коe се смета за најголем производител на зеленчук. Од таму со вклучени сирени цел час возеа по струмичките улици со цел да се алармира Владата конечно сериозно да се зафати со решавање на аграрните проблеми
„Бараме Владата да не заштити. Цели 10 години се таложат исти проблеми. Скапи губрива репроматријали а цените од ден на ден паѓаат. Доматите во Куклиш се откупуваа по 20 денари, сега слушаме дека цената паднала на 15 денари, утре ќе е 10 денари. Што е ова, кај се надлежните. Срамота е ова. До кога земјоделецот во ова држава ќе биде невидлив“, реагираа земјдоелците од Куклиш
Побараа итна средба со преставицни на Владата оти земјоделците веќе работат со загуба. Во спротивно протестите со земјделска механизација ке се радикализраат.