СВЕТОЗАР ЈАНЕВСКИ СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД БЕЛГРАДСКАТА ПИВАРНИЦА БИП

    СВЕТОЗАР ЈАНЕВСКИ СЕ ПОВЛЕЧЕ ОД БЕЛГРАДСКАТА ПИВАРНИЦА БИПКомпанијата „М-6 Еден“ во сопственост на Светозар Јаневски стана закупец на Белградската индустрија за пиво (БИП) во април 2017.- Јаневски на прославата на 95 години Стопанска комора на Македонија во февруари годинава (Фото: Ѓ. Личовски)

    Компанија „М6 Еден Срб“ во сопственост на Светозар Јаневски одлучи да се прекине договорот за белградската пиварница БИП со српската Агенција за стечај и со тоа, БИП престанува да работи, соопшти компанијата. Од компанијата велат дека и покрај големите месечни вложувања, посветеноста и ентузијазмот, не успеавме, бидејќи со овој модел нема можност за успех, но тоа не значи дека ќе се повлечат, бидејќи на Белград му треба пиво.

    „Верувавме во можностите за развој на една од најголемите пиварници во регионот и со ентузијазам тргнавме во обнова пред две години. Се обидовме да направиме нешто позитивно за Белград, за Србија, да дадеме дух и живот на една компанија која повеќе од 180 години претставува симбол на Белград. За жал, и покрај големите месечни вложувања, посветеноста и ентузијазмот, не успеавме, бидејќи со овој модел нема можност за успех. Ова не значи дека ќе се повлечеме, затоа што на Белград му треба пиво. Ќе продолжиме во поинаква насока, со друг концепт. Можно е да се почне со вложувања во иднина со нови проекти во Србија. Се заблагодаруваме на сите субјекти, потврдувајќи дека се завршуваат сите обврски кон вработените и сите доверители“, велат „М6 Еден Срб“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира