Горан Наумовски, новинар на Плус инфо е повреден во вечерашните немири во центарот на Скопје. Тој пред малку беше одвезен со болничко возило.
Инцидентите ескалираа откако демонстрантите ја каменуваа и ја запалија Канцеларијата на претседателот во центарот на градот. Тие потоа ја каменуваа и зградата на Министерството за правда по што се судрија со полицијата.

Новинарот беше однесен со возило на брза помош од пред зградата на Министерството за финансии (аматерско фото)



