ТЕСТИРАЈТЕ МЕ ЗА ДРОГА, ПРИЈАВИВ НЕЛЕГАЛНО СНИМАЊЕ ВО ТАКСИ, ВЕЛИ ПРАТЕНИКОТ ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ПО ОБЈАВЕНАТА СНИМКА

    ТЕСТИРАЈТЕ МЕ ЗА ДРОГА, ПРИЈАВИВ НЕЛЕГАЛНО СНИМАЊЕ ВО ТАКСИ, ВЕЛИ ПРАТЕНИКОТ ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ПО ОБЈАВЕНАТА СНИМКАПратеникот Павле Богоевски вели дека веќе неколку месеци набавува масло од канабис за медицински потреби за блиска личност и дека ќе го прави тоа сè додека е потребно. (Фото: СДК.МК)

    Пратеникот Павле Богоевски вели дека неговиот разговор објавен вчера на руската социјална мрежа „Вконтакте“ е нелегално снимен од таксист пред неколку месеци и е изваден од контекст. Тој ја потврди автентичноста на разговорот, но вели дека не станува збор за нарачка на кокаин, како што е објавено на „Вконтакте“, туку дека договора набавка на масло од канабис за медицинска употреба, супстанца чиј промет и самиот вели дека е забранет.

    „Во овој разговор не нарачувам кокаин. Договарам набавка на масло од канабис. За медицинска употреба, за моја многу блиска личност на која маслото од канабис ѝ помогна таму каде другите лекови не можеа да ѝ помогнат. Тоа го правам веќе неколку месеци и ќе го правам сè додека е потребно“, напиша Богоевски на Фејсбук.

    Тој попладнево го пријави случајот во полициската станица „Центар“, откако претходно најави дека очекува службите многу сериозно да го истражат овој случај.

    На излегување, за Телма изјави дека ќе направи сѐ што ќе побара од него полицијата, ако е потребно и тестирање за дрога.

    Богоевски најави дека ќе се заложи за промена на законите, т.е. за декриминализација на личната употреба на канабис и да се олабави законската рамка за медицинска употреба

    „Крајно време е да ја олабавиме законската рамка за медицинска употреба на канабисот и да ја декриминализираме личната употреба. Поддршка за луѓето што се влечат по судови поради тоа што произведуваат масло за болните“, вели Богоевски.

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари