ТРЕТИОТ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР „ОНЕ” ПОЧНУВА СО РАБОТА НА ПОЧЕТОКОТ НА 2027, ЌЕ ИМА СОПСТВЕНА 5Г МРЕЖА

    ТРЕТИОТ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР „ОНЕ” ПОЧНУВА СО РАБОТА НА ПОЧЕТОКОТ НА 2027, ЌЕ ИМА СОПСТВЕНА 5Г МРЕЖАОд АЕК кажаа дека третиот мобилен оператор ќе донесе квалитет и поголема понуда на пазарот (Фото: К. Попов)

    Во првите три месеци од 2027 година ќе почне со работа третиот мобилен оператор „Оне Македонија”. Агенцијата за електронски комуникации денеска официјално ја додели лиценцата за работа на претставници на новиот мобилен оператор во државата.

    Како што кажаа од АЕК, третиот мобилен оператор ќе донесе квалитет и поголема понуда на пазарот и ќе одговори на забелешките дека во земјава има само два мобилни оператора. На прес-конференцијата беше кажано дека операторот ќе постави сопствена 5Г мрежа.

    Од „Оне Македонија” кажаа дека планираат да инвестираат до 100 милиони евра во изградба и развој на мрежата, вклучително и во инфраструктура, отворање нови работни места, обуки и долгорочна соработка со домашни ИКТ-компании.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира