Реномираниот гитарист Влатко Стефановски е годинашен добитник на државната награда „11 Октомври“ за култура и уметност , највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и други дејности од јавен интерес во Македонија.
Министерството за култура соопшти дека наградата „11 Октомври“ за животно дело за наука и образование му се доделува на историчарот Амет Шериф.
За добитниците одлучи одбор на чело со академик Митко Маџунков, а признанијата ќе им бидат врачени на 11 Октомври во 12 часот во Собранието на Република Македонија.
ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ И АМЕТ ШЕРИФ НАГРАДЕНИ СО „11 ОКТОМВРИ“ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО
26 септември 2017
Скопје, (САКАМДАКАЖАМ.МК)