ВО МАЈ ОД СКОПЈЕ СЕЗОНСКИ ЌЕ СЕ ЛЕТА ЗА РИГА СО „ЕРБАЛТИК“

    ВО МАЈ ОД СКОПЈЕ СЕЗОНСКИ ЌЕ СЕ ЛЕТА ЗА РИГА СО „ЕРБАЛТИК“Националниот авиопревозник на Латвија „ЕрБалтик“ со сезонска авиолинија од Скопје-Рига-Скопје. (Фото: Ексју авиејшн)

    Од мај од Скопскиот аеродром ќе се патува до Рига како нова дестинација со националниот авиопревозник на Латвија „ЕрБалтик“, со сезонска авиолинија од Скопје-Рига-Скопје. Во периодот мај-септември ќе има по два лета неделно.

    Во летната сезона покрај редовните ќе има и сезонски и чартер летови до Анталија, Бодрум, Хургада, Енфида, Џерба и Монастир. До Охридскиот аеродром, ќе има чартер летови од Катовице, Варшава, Амстердам и Манчестер, а авиокомпанијата „Ер Србија“ ќе почне да лета на релација Белград-Охрид-Белград, соопшти за МИА од ТАВ Македонија.
    Со летниот ред на летање, одобрен од Агенцијата за цивилно воздухопловство, што стапува во сила утре, на Меѓународниот Аеродром Скопје во летната сезона ќе има 59 дестинации управувани од 22 авиокомпании.

    „Виз ер“ почна да сообраќа до Салцбург, „Кроација ерлајнс“ и „Норвиџан ершатл“ ќе продолжат со сезонските летови од Скопскиот аеродром до Сплит и Осло. Од ТАВ велат дека се очекува „Ејџијан ерлајнс“ да воведе нови сезонски летови од Скопскиот аеродром, како сезонска авиолинија до грчки остров.

    Според статистиката за јануари и февруари годинава за двата аеродрома во државава, има значително зголемување на патничкиот авиосообраќај или 243.244 патници во јануари и 189.434 патници во февруари, односно зголемување од 47 проценти и 31 процент во однос на јануари и февруари во минатата година, или вкупно 432.678 патници и пораст од 40 проценти. Со зимскиот ред на летање 13 авиокомпании оперираа од Меѓународниот Аеродром Скопје до 42 дестинации, а од Аеродромот „Св. Апостол Павле Охрид“, три авиокомпании сообраќаа до четири дестинации.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира