Странските државјани на кои им истекува дозволата за престој во нашата држава, граѓаните кои имаат обврска да ги променат личните исправи, не мора да го сторат тоа со цел да не се изложуваат на контакти во службите на МВР.
Утринава, заменик-министерката за внатрешни работи Славјанка Петровска, на координативното тело во МВР му предложила автоматски да се продолжат достасаните законски рокови за овие обврски на граѓаните и странците кои престојуваат во Република Северна Македонија.
Се очекува министерот Наќе Чулев или Главниот кризен штаб да кажат како ќе се изведе оваа постапка.