СДСМ НЕ ОДИ НА ПРЕГОВОРИ ВО ВИЕНА

a:1:{s:9:"td_source";s:44:"Скопје(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СДСМ НЕ ОДИ НА ПРЕГОВОРИ ВО ВИЕНА

    СДСМ ќе оди на преговори во Виена само ако пред тоа се исполнат два услови: Претседателот Иванов да ја повлече одлуката за аболицијата и Собранието да се свика пак за да ја отповика одлуката за предвремени избори на 5 јуни, соопшти лидерот на СДСМ Зоран Заев на прес конференција.

    Тој рече дека ја почитува иницијативата на европратениците и комесарот Хан за средба на лидерите на партиите потписнички на Договорот од Пржино во Виена, но за да СДСМ да учествува на средбата, неопходно е да се исполнат два преудслови:
    1.   Иванов да ги повлече сите срамни одлуки за помилување што ги донесе по нарачка на Никола Груевски, спротивно на Уставот и законите.
    2.  Да се свика Собранието за да ја повлече одлуката за одржување на избори на 5-ти јуни поради неисполнети клучни услови за регуларни, слободни, фер, и кредибилни избори.
    Тој ги обвини Никола Груевски, Ѓорге Иванов, Трајко Велјаноски и ВМРО-ДПМНЕ дека во координирана акција го погребале Договорот од Пржино и дека ги урнале сите принципи на коишто почиваше: организирање фер и демократски избори, одговорност за сторениот криминал и преодна влада.
    „Заради ваквото нивно однесување СДСМ не може да се врати на преговарачка маса како ништо да не се случило“, рече Заев и порача дека „за преговарачкиот процес да стане возможен ВМРО-ДПМНЕ мора да покаже дека договореното ќе го почитува“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира