ЗАМИНУВАМ ВО КАБИНЕТОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ КАКО ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР, РЕЧЕ ВЛАДИНИОТ ПОРТПАРОЛ БОШЊАКОВСКИ

    ЗАМИНУВАМ ВО КАБИНЕТОТ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ПЕНДАРОВСКИ КАКО ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР, РЕЧЕ ВЛАДИНИОТ ПОРТПАРОЛ БОШЊАКОВСКИМиле Бошњаковски кажа дека имал ист пристап кон сите новинари на неговата последна прес-конференција како владин портпарол. (Фото: СДК.МК)

    Портпаролот на владата Миле Бошњаковски на денешната редовна прес-конференција соопшти дека заминува во кабинетот на претседателот на државата Стево Пендаровски, каде ќе ја извршува функцијата генерален секретар.

    „Ми беше чест две години да соработувам со сите вас новинари, сниматели и фоторепортери. Се надевам дека соработката ќе продолжи наредниот период во една друга форма. Простете доколку имало некоја грешка, оти таа грешка доколку постоела немало никакви интенции за тоа, односно пристапот беше кон сите ист“, рече Бошњаковски.

    Тој се заблагодари на премиерот и колегите од тимот, со кој направиле над 100 прес-конференции.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира