ЖРТВИТЕ НА МАРЈАН СТАМЕНКОВСКИ ОД „ДОКАЗ” ЌЕ СВЕДОЧАТ ЗАД ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ ЗА ДА СЕ ЗАШТИТИ НИВНИОТ ПРИВАТЕН ЖИВОТ

    ЖРТВИТЕ НА МАРЈАН СТАМЕНКОВСКИ ОД „ДОКАЗ” ЌЕ СВЕДОЧАТ ЗАД ЗАТВОРЕНИ ВРАТИ ЗА ДА СЕ ЗАШТИТИ НИВНИОТ ПРИВАТЕН ЖИВОТЈавноста е исклучена од судењето на Марјан Стаменковски (средина) на барање на обвинителката Зорица Павловиќ, зашто во нејзиниот воведен говор ќе се изнесуваат интимни детали од приватниот живот на жртвите. (Фото: К. Попов)

    На почетокот на судскиот процес против притворениот Марјан Стаменковски, сопственик на интернет страницата „Доказ”, обвинет за кривичните дела уцена, ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, пиратерија на аудиовизуелно дело и кривично дело и злоупотреба на лични податоци, денеска немаше ни воведни зборови.

    Одбраната на Стаменковски предложи изземање на целото Јавно обвинителство на Скопје, предложи обвинението во иднина да го застапува обвинител, односно обвинителство од друг град, со оглед на тоа дека меѓу оштетените се и четворица истражители од Скопското ОЈО.

    Судењето продолжува в петок.

    На почетокот на рочиштето денеска судијката Марија Клетничка ја исклучи јавноста, на барање на обвинителката Зорица Павловиќ, зашто во нејзиниот воведен говор ќе се изнесуваат интимни детали од приватниот живот на жртвите, односно оштетените кои Стаменковски ги влечел на страната „Доказ” преку објави со трауматизирачки елементи.

    Според Павловиќ, се работи за кривични дела против моралот, мора да се заштити приватниот живот на жртвите.

    Денеска, покрај новинарките од Фокус Ирена Мулачка и Валентина Вурмо, меѓу оштетените беа и четворицата истражители, бизнисмен и владици од МПЦ.

    Досега обвинителството не ги објави нарачателите на текстовите што ги објавуваше Стаменковски. Вешто ги крие, но во тек е друга истрага откако се јавиле дузина нови жртви, па останува надежта дека правдата ќе се комплетира со објавување на тие што му нарачувале и што му плаќале на Стаменковски за објави за жртвите.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира