Продолжување на распустот за учениците до 23 јануари, секојдневна дезинфекција на автобусите во јавниот градски превоз во Скопје и во другите градови и темелна дезинфекција на училиштата пред почетокот на второто полугодие, се новите мерки за да се намали ширењето на грипот во земјава, соопшти денеска министерот за здравство Никола Тодоров.
“Оваа мерка е повеќе од потребна имајќи ја предвид тенденцијата на намалување на бројот на заболени од грип од 0 до 14 години во време на распустот”, рече Тодоров.
Донесена е мерка и за темелна секојдневна дезинфекција на автобусите во градскиот сообраќај во Скопје и во останатите градови каде има организиран градски сообраќај.