ПО ХОТЕЛИТЕ, И СУПЕРМАРКЕТИТЕ ЌЕ СТАНАТ ОБЈЕКТИ ОД ДРЖАВНО ЗНАЧЕЊЕ, НОВА ИЗМЕНА НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ

    ПО ХОТЕЛИТЕ, И СУПЕРМАРКЕТИТЕ ЌЕ СТАНАТ ОБЈЕКТИ ОД ДРЖАВНО ЗНАЧЕЊЕ, НОВА ИЗМЕНА НА ПРАВИЛНИКОТ ЗА УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕСо измените во Правилникот се предвидува постапките за урбанизација за изградба на супермаркети и хипермаркети со површини над 5.000 метри квадратни да се одвиваат преку Министерството за транспорт.(Фото: СДК.МК)

    Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење, според нова измена на Правилникот за урбанистичко планирање што ја прави Министерството за транспорт и врски, само еден месец по измената со која хотелите станаа објекти од државно значење.

    Со измените во Правилникот се предвидува постапките за урбанизација за изградба на супермаркети и хипермаркети со површини над 5.000 метри квадратни да се одвиваат преку Министерството за транспорт.

    Претставници од Министерството за транспорт и врски на денешната стручна расправа кажаа дека оваа „малку необичаена измена се прави за да се олени процедурата на идните инвеститори и да се забрза процесот на издавање на дозволи“.

    „Предложените измени во Правилникот за урбанистичко планирање имаат за цел да ги поттикнат инвестициите, да ја зголемат конкурентноста преку побрзи и поефикасни постапки за урбанизација на просторот, отворање на нови работни места и побрз економски развој. Од причина, а имајќи предвид дека урбанизацијата за овој тип на градби на локално ниво се одвива со забавена динамика, државата со оваа измена обезбедува помош на инвеститорите преку поефикасна и побрза реализација на инвестиционите планови. Исто така, со предвидените измени се намалуваат и административните постапки кои влијаат на брзата реализација на инвестициите“, соопштија од Министерството.

    На стручната расправа присуствуваа урбанисти како и претставници од  граѓанската „О2 Иницијатива“. Главната забелешка која тие ја дадоа е да се прецизира дека оваа измена ќе важи само за супермаркети, без компатабилни намени.

    „Така ќе се осигураме дека подоцна нема врз маркетот да никнат трговски центри или згради“, рекоа од „О2 Иницијатива“.

    Министерството за транспорт и врски на 17 февруари го измени Правилникот за урбанистичко планирање, со кој хотели со 20 соби станаат објекти од државно значење и со тоа се олесни постапката за нивна изградба. Министерството го донесе измените без да ги прифати забeлешките на урбанистите и граѓанските иницијативи, кои го критикуваа ваквото решение.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира