ВО ОЧЕКУВАЊЕ СМЕ НА ДОБРИ ВЕСТИ ОД САМИТОТ НА НАТО, РЕЧЕ АМБАСАДОРОТ БЕЈЛИ НА ПРОСЛАВАТА НА ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА САД

    ВО ОЧЕКУВАЊЕ СМЕ НА ДОБРИ ВЕСТИ ОД САМИТОТ НА НАТО, РЕЧЕ АМБАСАДОРОТ БЕЈЛИ НА ПРОСЛАВАТА НА ДЕНОТ НА НЕЗАВИСНОСТА НА САДВо знакот на џинсот помина прославата по повод 242 годишнината на независноста на САД како препознатлив бренд кој постои од 19 век - Американскиот амбасадор Џес Бејли (Фото:К.Попов)

    Во знакот на џинсот и со очекување на добри вести за Македонија во НАТО помина прославата по повод  242 годишнината на независноста на САД на тревникот во комплексот на Американската амбасада во Скопје.

    Амбасадорот на САД Џес Бејли рече дека денес е време на надеж за Македонија.

    „Граѓаните се фокусирани на формалните врски што ја поврзуваат Македонија со нејзините соседи, со Европа, со САД, НАТО, ЕУ, Договорот од Преспа со Грција и Договорот за пријателство со Бугарија. Минатата година постигнат е голем напредок и во очекување сме на добри вести од Самитот на НАТО следната недела“, рече Бејли во говорот по повод одбележувањето на 4 јули Денот на независноста на САД.

    Премиерот Зоран Заев и сопругата Зорица пристигнуваат на прославата на 4 јули со почитување на кодот за облекување во фармерки (Фото: К. Попов)

    Претседателот на државата Ѓорге Иванов не присуствуваше на приемот. Наводно, не бил во државата.

    На прославата беа премиерот Зоран Заев, министри, пратеници од опозицијата и власта, дипломати, новинари  како и соработници на амбасадата.

    За настанот оваа кодина имаше посебен дрес код на облекување – фармерки, кои што се препознатлив американски бренд.

    Македонската химна ја испеа Јана Бурчевска, а американската химна Микел Гајковски.

    На приемот гостите со рок музика ги забавуваше Леана Тачи со нејзиниот бенд.

    Традиционално прославата беше завршена со огномет.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира