НА НОВА ГОДИНА СПАСЕНА ПАЦИЕНТКА СО МОЗОЧЕН УДАР СО МЕХАНИЧКО ВАДЕЊЕ ТРОМБ, ПРВПАТ ВО БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“

    НА НОВА ГОДИНА СПАСЕНА ПАЦИЕНТКА СО МОЗОЧЕН УДАР СО МЕХАНИЧКО ВАДЕЊЕ ТРОМБ, ПРВПАТ ВО БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“„Во нашата болница има идеални услови за изведување на овој метод, бидејќи физичката поставеност на сите нешта овде, близината на ургентниот центар, апаратот за компјутеризираната томографија, кој што мора да се направи за да знаеме дека е мозочен удар и ангиосалата се тука. Нема излегување на пациентот надвор од болница, нема излегување по други ходници и можеме многу брзо да делуваме“, вели д-р Александар Ѓорески, интервентен радиолог од ГОБ „8 Сепетември“, еден од тимот лекари што работеше на зафатот. (Фото: ГОБ „8 Септември“)

    На први јануари годинава, во Градската општа болница „8 Септември“ изведен е нов метод за отстранување тромб од крвен сад во мозокот при мозочен удар, односно направена е првата механичка тромбектомија во оваа јавна здравствена установа. Д-р Александар Ѓорески, интервентен радиолог во „8 Септември“, вели дека овој неинвазивен метод при акутен мозочен удар за првпат е изведен во оваа болница, а е четврта ваква операција направена во Македонија, односно првите три се направени на Клиниката за радиологија.

    „Се работи за една сложена процедура, со вадење на тромбот од крвен сад во мозокот, кој е причина за мозочниот удар. Овој метод се применува кај пациенти со исхемичен мозочен удар, а процедурата се состои во тоа што се става стент кој се лепи за тромбот и го извлекува надвор од крвниот сад“, вели д-р Ѓорески.

    Тој вели дека процедурата е изведена кај 65-годишна пациентка, која во болницата била донесена со комплетно одземена лева страна и во бесознание.

    Процедурата ја изведоа д-р д-р Менка Лазаревска, Вјлоца Алији од Клиника за радиологија, д-р Петар Атанасов невролог, д-р Димитар Вељановски радиолог и д-р Алекандар Ѓорески, интервентен радиолог сите од „8 Септември“, како и инструментарката Зорица Урдаревиќ, рендген- техничар Александра Станковска и анестезиологот Радмила Трајкова од „8 Септември“ (Фото: ГОБ „8 Септември)

    „Пациентката има 65 години, со нелекувана хипертензија и аритмија, со тешка анатомија, беше немирна за време на интервенцијата. Зафатот беше направен максимално успешно, за пет часа од ударот до излегување на пациентката од ангиосала, направена е целосна реканализација на крвниот сад. Пациентката сега е супер. Кога дојде не зборуваше. Левата страна и беше комплетно одземена, сега зборува, јаде, се движи, пие“, вели д-р Ѓорески.

    Процедурата ја изведоа д-р д-р Менка Лазаревска и Вјлоца Алији од Клиниката за радиологија, д-р Петар Атанасов невролог, д-р Димитар Вељановски радиолог и д-р Александар Ѓорески, интервентен радиолог сите од „8 Септември“, како и инструментарката Зорица Урдаревиќ, рендген-техничар Александра Станковска и анестезиологот Радмила Трајкова од „8 Септември“.

    Д-р Ѓорески вели дека во нивната болница имаат 300 пациенти годишно со оваа патологија и дека скоро 50 пациенти годишно ги третираат со интравенска тромболиза, односно разбивање на тромбот со скап лек.

    „Последните неколку години, во над 10 студии во светот се покажа дека механичкото вадење на тромбот е далеку подобар третман од интравенската тромболиза, каде таа се става венски и се чека системски да делува до мозокот. Не кај сите пациенти со исхемичен мозочен удар може да се изведат и двете методи, но механичата тромбектомија според овие студии е подобра од разбивање на тромбот со троболиза. Некогаш тромбектомијата се применува и по извршена тробплиза. Станува збор за честа патологија, скоро секојдневно имаме вакви пациенти. Инциденцата на болеста се смета дека е блиску со акутен срцев удар“, вели д-р Ѓорески.

    Според него, за успешно лекување на овие пациенти многу е важно тие навреме да бидат донесени, односно навреме да се препознаат симптомите, а потоа и матичните лекари и брзата помош, како и ургентните центри да знаат каде да ги препратат пациентите.

    „Најдобар резултат има ако акутниот мозочен удар се лекува во првите шест часа од настанување. Дозволена е тромбектомија и во првите 8 часа, и повторно има добро резултати кај предната мозочна циркулација, а кај задната каде се многу пофатални тие мозочни удари дозволуваме и до 12 часа да се прави таа тромбектомија. Македонија е мала и за два до три часа може да се стигне од секаде за три часа и да се анимираат сите служби“, вели д-р Ѓорески.

    Засега, овој метод се прави на Клиниката за радиологија и во Градската општа болница „8 Септември“, додека интравенската тромболиза се прави во болниците во Штип, Тетово и Битола.

    Д-р Ана Донева, шеф на одделот за цереброваскуларни болести при одделението за неврологија во „8 Септември“, од каде се селектираат и препраќаат пациентите за соодветна процедура, вели дека се надева оти Министерството за здравство ќе го препознае ентузијазмот на докторите од „8 Септември“ и дека ќе овозможи механичката тромбектомија да стане рутинска процедура (Фото: ГОБ „8 Септември“)

    „Соработуваме со колегите од Клиниката за радиологија, кои беа овде да ни помогнат при изведување на зафатот, а и ние одиме кај нив, си помагаме едни на други. За да биде максимално успешен овој зафат бара специфични услови, мора да има ангиосала, мора да има материјал за работа и мора да има добро обучен кадар. Во нашата болница има идеални услови за изведување на овој метод, бидејќи физичката поставеност на сите нешта овде, близината на ургентниот центар, апаратот за компјутеризираната томографија, кој што мора да се направи за да знаеме дека е мозочен удар и ангиосалата се тука. Нема излегување на пациентот надвор од болница, нема излегување по други ходници и можеме многу брзо да делуваме. Таа рамка од пет часа, може да ја сведеме на час и час и половина, што е од исклучителна важност, бидејќи станува збор за ургентни случаи“, вели д-р Ѓорески.

    Тој се надева дека и Министерството за здравство ќе помогне во набавка на потребниот материјал за работа.

    Д-р Ана Донева, шеф на одделот за цереброваскуларни болести при одделение за неврологија во „8 Септември“, од каде се селектираат и препраќаат пациентите за соодветна процедура, вели дека се надева оти Министерството за здравство ќе го препознае ентузијазмот на докторите од „8 Септември“ и дека ќе овозможи механичката тромбектомија да стане рутинска процедура.

    „Се надеваме дека она што сме го научиле ќе може да го примениме“, вели д-р Донева.

    Е. БОЧВАРОСКА

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира