ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ

САКАМДАКАЖАМ.МК (sdk.mk) е проект на СДК Михајловски Дооел, регистрирана компанија за издавање весници. Оваа страница ве информира за нашата политика на собирање и употреба на лични информации што ги добиваме од посетителите на веб сајтот и апликацијата sdk.mk. Апликацијата и сајтот се бесплатни и се наменети за користење какви што се.

Вашите податоци ги користиме за подобрување на сајтот и маркетинг анализи за полесно да продаваме реклами. Со користење на сајтот и апликацијата, се согласувате вашите податоци да бидат собирани и употребени согласно оваа политика.

Податоците што ги собираме се тие што ги испраќа вашиот интернет прелистувач кога ќе го посетите нашиот сајт. Таквите податоци содржат информации за вашата ИП адреса, типот и верзијата на прелистувачот, оперативниот систем, кои страници на сајтот ги посетувате, времето и траењето на вашата посета и други статистики. За собирање на овие податоци го користиме сервисот „Гугл Аналитикс“.

Овие податоци ги користиме само збирно, на пример како месечна статистика за вкупниот број на посетители и прегледи на страници, процентуална застапеност на употреба на мобилни или десктоп уреди, географска припадност на читателите и слично. Трети страни немаат директен пристап до овие податоци. Апликацијата и сајтот користат линкови со содржини на трети страни кои можат да соберат информации што се користат за да ве идентификуваат.

Собирањето имејл адреси е исклучиво на доброволна база и нив ги користиме само за испраќање на колумната „Сакам да кажам“, а може во секој момент да се откажете од добивање мејлови. Лични имиња, кориснички имиња и лозинки, како и финансиски податоци за корисниците на сајтот и апликацијата не собираме, бидејќи не ни имаме имплементирано такви решенија на нашите сајт и апликација.

Нашите сајт и апликација користат колачиња за собирање податоци, како на пример за „Гугл Аналитикс“ и за реклами на нашите партнери, но преку вашиот прелистувач можете да ги одбиете сите колачиња.

Во случај на грешка во апликацијата собираме податоци и информации за вашиот телефон. Овие податоци може да содржат информации како што се ИП-адресата на уредот, името на уредот, верзијата на оперативниот систем, конфигурацијата на апликацијата при користење на нашата услуга, времето и датумот на ваша употреба на услугата и други статистики.

Политиката за приватност можно е да се ажурира повремено и затоа ви препорачуваме периодично да ја разгледате оваа страница за какви било промени. Ќе бидете известени за какви било промени во Политиката за приватност на оваа страница. Промените се ефективни веднаш откако ќе бидат објавени на оваа страница.

Ако имате какви било прашања, контактирајте нѐ на [email protected] и [email protected]