12 МРТВИ ВО МАСОВНОТО ПУКАЊЕ ВО ВЛАДИНА ЗГРАДА ВО ВИРЏИНИЈА

    12 МРТВИ ВО МАСОВНОТО ПУКАЊЕ ВО ВЛАДИНА ЗГРАДА ВО ВИРЏИНИЈАНапаѓачот бил убиен во размена на огнот со полицијата (Фото: АП)

    Најмалку 12 луѓе се убиени во масовното пукање во владина зграда во американската сојузна држава Вирџинија.

    Полицијата соопшти дека осомничениот напаѓач е долгогодишен вработен во градската власт на Вирџинија Бич и дека бил убиен во размена на огнот. Пукањето се случило во Општинскиот центар на Вирџинија Бич, кадешто се наоѓа голем број градски административни објекти. Областа потоа беше затворена од полицијата и евакуирана.

    „Една од жртвите е убиена во автомобил, а останатите се пронајдени на три спрата од владината зграда. Напаѓачот пукал недискриминирачки“, изјави шефот на полицијата, Џејмс Карвера, не откривајќи го неговиот идентитет.

    Тој додаде дека четворица полицајци влегле во зградата и веднаш се соочиле со напаѓачот, при што го убиле.

    „Местото на злосторството изгледа ужасно, како воена зона. Полицијата успеа да спречи уште поголем масакр“, кажа Карвера.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира