АКТЕРКАТА КЕРИ ФИШЕР ОД „ЅВЕЗДЕНИ ВОЈНИ“ ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА ОТКАКО ДОЖИВЕА СРЦЕВ УДАР ВО АВИОН

a:1:{s:9:"td_source";s:39:"ЛосАнџелес,(Ен-Би-Си)

    АКТЕРКАТА КЕРИ ФИШЕР ОД „ЅВЕЗДЕНИ ВОЈНИ“ ВО КРИТИЧНА СОСТОЈБА ОТКАКО ДОЖИВЕА СРЦЕВ УДАР ВО АВИОН

    Актерката од „Ѕвездени војни“ Кери Фишер е однесена во болница во критична состојба откако доживеа срцев удар во авион на пат од Лондон за Лос Анџелес.

    Фишер (60), која стана позната како Принцезата Леја во „Ѕвездени војни“ колабирала 15 минути пред авионот да слета на „Ел-Еј-Екс“ и според сведоци од авионот, екипажот и медицински тим се обиделе да и пружат прва помош во авионот пред да биде однесена во најблиската болница.

    Американската актерка неодамна заврши со снимање на осмиот дел од „Ѕвездени војни“, вториот од трите нови филмови од мегапопуларната сага. Таа беше актуелна во последно време поради објавувањето на нејзината осма книга, насловена „Принцезата која водеше дневник“, во која откри дека имала афера со коѕвездата Харисон Форд.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира