Холивудската актерка За За Габор почина на 99-годишна возраст од срцев удар, изјави нејзиниот сопруг. Со солзи во очите, Фредерик фон Анхалт рече дека жена му починала дома, опкружена од семејството и пријатели.
Легендарната За За Габор, родена во 1917 година во Будимпешта, беше избрана за Мис Унгарија во 1936 година, пред да емигрира во САД за време на Втората светска Војна. Ја започна својата филмска кариера во 1953.
Меѓутоа, и покрај тоа што имаше повеќе од 70 филмски улоги, меѓу кои главна улога во Мулен Руж (1952), Габор отсекогаш беше најпозната за својот приватен живот. За прв пат беше мажена на 20 години, а за последен (и најдолг) на 70 години.
Едниственото дете на Габор, ќерката Франческа Хилтон, чиј татко Конрад Хилтон е основачот на ланецот на хотелите Хилтон, почина од мозочен удар минатата година.