АКЦИОНЕРИТЕ ГО ТУЖАТ „АДИДАС“ ЗА ПРЕКИНОТ НА СОРАБОТКАТА СО КАЊЕ ВЕСТ

    АКЦИОНЕРИТЕ ГО ТУЖАТ „АДИДАС“ ЗА ПРЕКИНОТ НА СОРАБОТКАТА СО КАЊЕ ВЕСТ„Адидас“ во 2013 потпиша договор со Вест, кој дизајнираше успешна линија патики под брендот „Јизи“ (Фото: Шатерсток)

    Германскиот производител на спортска опрема „Адидас“ доби тужба од своите акционери поради прекинот на партнерството со брендот „Јизи“, кој е во сопственост на раперот Кање Вест. Тој не учествува во тужбата, која е поднесена поради обвинувањата дека „Адидас“ неколку години бил свесен за неговото проблематично однесување.

    Акционерите исто така ја обвинуваат компанијата дека не успеала да ги ограничи финансиските загуби и да преземе мерки за минимизирање на нивната изложеност.

    „Адидас“ во 2013 потпиша договор со Вест, кој дизајнираше линија патики под брендот „Јизи“, која се покажа многу успешна. Соработката беше прекината минатиот октомври по низа навредливи и контроверзни коментари и испади на Вест.

    Компанијата пријави загуба во првото тримесечје од 2023, што главно се должи на трошоците поврзани со прекинот на соработката со Вест. Таа исто така предвидува дека оваа година ќе има намалени приходи за 1,2 милијарди евра поради непродадените производи на „Јизи“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира