АВСТРАЛИСКИОТ ПРЕМИЕР АЛБАНИЗ СЕ ИЗВИНИ ЗА ИЗЈАВАТА ДЕКА БИ САКАЛ ДА ИМА СЕКС СО КАЈЛИ МИНОГ

    АВСТРАЛИСКИОТ ПРЕМИЕР АЛБАНИЗ СЕ ИЗВИНИ ЗА ИЗЈАВАТА ДЕКА БИ САКАЛ ДА ИМА СЕКС СО КАЈЛИ МИНОГАлбаниз ја избра Миног од трите понудени познати Австралијки (Фото: Гети)

    Австралискиот премиер Ентони Албаниз се извини за коментарите што ги даде за поп-ѕвездата Кајли Миног. Тој гостуваше во подкастот на комичарката Ники Озборн, која го праша „дали би имал секс, би се оженил или би излегол со Миног, актерката Никол Кидман или со забавувачката Ронда Берчмор“.

    Откако првично се обиде да го избегне прашањето, Албаниз рече: „Кајли, јасно“.

    Тој веднаш се соочи со осуди, при што еден пратеник ги нарече неговите забелешки „целосно несоодветни“, а друг кажа дека искажал непочитување кон жените и ја понижил премиерската функција. Албаниз, кој се ожени во ноември, кратко изјави дека „недвосмислено се извинува за коментарите“.

    Откако Озборн првпат му го постави прашањето, Албаниз одговори: Само што се оженив, поминаа само шест месеци“.

    Сепак, по инсистирањето на Озборн, Албаниз ја избра Кајли Миног.

    Дали би ја ожениле Кајли, би имале секс или би излегле со неа?“, продолжи Озборн, на што Албаниз одговори:

    Сѐ од наведеното, таа е одлична“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира