АЗЕРБЕЈЏАН ОБЈАВИ ДЕКА ПОЧНАЛ ВОЕНА АКЦИЈА ПРОТИВ ЕРМЕНСКИТЕ СИЛИ ВО НАГОРНО-КАРАБАХ

    АЗЕРБЕЈЏАН ОБЈАВИ ДЕКА ПОЧНАЛ ВОЕНА АКЦИЈА ПРОТИВ ЕРМЕНСКИТЕ СИЛИ ВО НАГОРНО-КАРАБАХАзербејџан ја обвини Ерменија за експлозија на мина во која загинаа над десет луѓе (Фото: Министерство за одбрана на Азербејџан)

    Министерството за одбрана на Азербејџан објави дека почнало антитерористичка акција во одметнатиот регион Нагорно-Карабах, кој е под контрола на Ерменија. Тензиите во регионот пораснаа во изминатите месеци, што кулминираше откако 11 азербејџански полицајци и цивили загинаа во експлозија на мина и во друг инцидент.

    Баку денеска ги обвини ерменските сили за систематско гранатирање на позициите на азербејџанската војска и кажа дека возвратил со лансирање на локални антитерористички активности.

    „Целта на акцијата не се цивили и цивилни објекти, туку легитимни воени мети се онеспособуваат со помош на високопрецизни оружја за да се поврати уставен поредок во Република Азербејџан“, соопшти министерството за одбрана на Азербејџан.

    Ерменија кажа дека тврдењата за ерменски напади немаат врска со реалноста.

    Азербејџан и Ерменија двапати војуваа околу Нагорно-Карабах, прво во почетокот на 1990-ите, а потоа во 2020. Од декември, Азербејџан одржуваше ефективна блокада на единствениот пат кој води во енклавата од Ерменија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира