БРИТАНСКАТА РАЗУЗНАВАЧКА СЛУЖБА МИ6 ПРВПАТ ЌЕ ИМА ЖЕНА ЗА ШЕФ ВО 116-ГОДИШНАТА ИСТОРИЈА

    БРИТАНСКАТА РАЗУЗНАВАЧКА СЛУЖБА МИ6 ПРВПАТ ЌЕ ИМА ЖЕНА ЗА ШЕФ ВО 116-ГОДИШНАТА ИСТОРИЈАБлез Метревели е дел од агенцијата од 1999

    Британската разузнавачка служба МИ6 за првпат во својата 116-годишна историја ќе биде предводена од жена. Блез Метревели, која ѝ се придружи на службата во 1999, ќе биде 18. шеф на МИ6, кога подоцна оваа година ќе го наследи Ричард Мур.

    Таа моментално раководи со одделот за технологија и иновации во МИ6, а британскиот премиер Кир Стармер го опиша нејзиното назначување како историско.

    „Горда сум и почестена што ми ја доделија оваа функција“, кажа 47-годишната Метревели.

    МИ6 е задолжена за собирање разузнавачки информации во странство за да се подобри безбедноста на Велика Британија. Шефот на организацијата вообичаено се ословува со Си (Ц) и е единствениот член чие има јавно се објавува.

    Метревели дипломирала антропологија на Универзитетот Кембриџ, претходно била на високи позиции во МИ5, домашната разузнавачка агенција и во најголемиот дел од кариерата работела во Европа и на Блиски Исток.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира