БРИТАНСКИОТ ПРИНЦ ЕНДРЈУ СЕ ОТКАЖА ОД КРАЛСКИТЕ ТИТУЛИ ПО НИЗА СКАНДАЛИ, МЕЃУ КОИ И ВРСКИТЕ СО ПЕДОФИЛОТ ЕПСТАЈН

    БРИТАНСКИОТ ПРИНЦ ЕНДРЈУ СЕ ОТКАЖА ОД КРАЛСКИТЕ ТИТУЛИ ПО НИЗА СКАНДАЛИ, МЕЃУ КОИ И ВРСКИТЕ СО ПЕДОФИЛОТ ЕПСТАЈНЕндрју продолжува да ги негира обвинувањата против него (Фото: Гети)

    Британскиот принц Ендрју, братот на кралот Чарлс, се откажа од сите свои кралски титули и почести, вклучувајќи ја и војвода од Јорк. Ендрју и Бакингамската палата беа под силен притисок на јавноста поради врските на принцот со сексуалниот престапник и педофил Џефри Епстајн.

    Ендрју кажа дека доброволно ги предава сите титули, додека продолжува да ги негира обвинувањата против него.

    Во разговор со кралот и моето семејство заклучивме дека континуираните обвинувања против мене го одвлекуваат вниманието од работата на неговото височество и кралското семејство. Одлучив, како и секогаш, да ја ставам мојата должност кон моето семејство и земјата на прво место. Останувам на мојата одлука од пред пет години да се повлечам од јавниот живот“, се вели во соопштението на Ендрју.

    Тој ќе остане принц, но веќе нема да биде војвода од Јорк, титула која ја доби од неговата мајка, кралицата Елизабета.

    Ендрју се соочи со низа скандали во последните години, вклучувајќи судски спор со Вирџинија Гифре, една од жртвите на Епстајн, прашања за неговите финансии и негова вмешаност со наводен кинески шпион. Следната недела излегуваат постхумните мемоари на Гифре, која тврдеше дека неколкупати имала секс со Ендрју кога имала само 17 години. Се очекува книгата да открие нови детали за нејзината врска со Ендрју и Епстајн.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира