БУГАРИТЕ ПО ТРЕТ ПАТ ГО ИЗБРАА БОРИСОВ ЗА ПРЕМИЕР, ПОКАЖАА ИЗЛЕЗНИТЕ АНКЕТИ

    БУГАРИТЕ ПО ТРЕТ ПАТ ГО ИЗБРАА БОРИСОВ ЗА ПРЕМИЕР, ПОКАЖАА ИЗЛЕЗНИТЕ АНКЕТИБојко Борисов, кој беше премиер од 2009 до 2013 и од 2014 до јануари 2017, на гласачкото место дојде возејќи го својот стар мерцедес. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Две излезни анкети од денешните парламентарни избори во Бугарија покажаа дека партијата ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов е во водство. Излезната анкета на „Алфа Рисрч“ вели дека ГЕРБ освоил 32,2 отсто од гласовите, а второпласирани се Социјалистите со 28 отсто. Според излезната анкета на „Галуп Интернешнл Балкан“, ГЕРБ освоил 32,8 отсто од гласовите, додека за Социјалисите гласале 28,4 отсто.
    Централната изборна комисија соопшти дека излезноста на изборите до 17 часот била речиси 43 отсто, што зголемување во однос на претходните избори. Официјалните резултати се очекуваат утре и ако се потвдат резултатите на излезните анкети, Борисов по трет пат ќе го добие мандатот за формирање влада.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира