„Часовникот на судниот ден“, кој симболично покажува колку е блиску светот до нуклеарен армагедон, останува на 90 секунди до полноќ. Иако научниците кажаа дека има причини за поместување на стрелките на часовникот уште поблиску до судниот ден, сепак одлучија тие да останат во својата сегашна позиција.
„Тоа се заканата од нова трка во нуклеарно вооружување, војната во Украина и климатските промени“, кажа групата Билтен на атомските научници (БАС), која ракува со часовникот.
Во најновата објава, БАС кажа дека Кина, Русија и САД трошат огромни суми пари за да ги прошират или модернизираат своите нуклеарни арсенали, што само додава на веќе присутната опасност од нуклеарна војна.
„Овој ризик уште повеќе се зголеми со војната во Украина“, вели БАС.
Овој проект почнал во 1947 година за да го предупредува човештвото на опасносните од нуклеарна војна. Стрелките се поместуваат врз основа на анализите на егзистенцијалните закани во одредено време. Полноќ ја означува теоретската точка на уништувањето. Стрелките беа најдалеку од полноќ на крајот на Студената војна – 17 минути.