ДЕВОЈЧЕ ИЗВЛЕЧЕНО ОД УРНАТИНИТЕ ВО ИЗМИР ЧЕТИРИ ДЕНА ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО КОЈ ЗАГИНАА 107 ЛУЃЕ

    ДЕВОЈЧЕ ИЗВЛЕЧЕНО ОД УРНАТИНИТЕ ВО ИЗМИР ЧЕТИРИ ДЕНА ПО ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО КОЈ ЗАГИНАА 107 ЛУЃЕМалата Ајда била заглавена зад машина за перење алишта, што ја заштитило од повреди (Фото: Ројтерс)

    Девојче е извлечено живо од остатоците на урната зграда во Измир, повеќе од 90 часови откако тој беше погоден од силен земјотрес, во кој, според последните информации, загинаа 107 луѓе.

    Спасувачите го слушнале викањето на Ајда Гезгин од урнатините и успеале да ја извлечат после неколку часа, пред да продолжат да пребаруваат уште пет згради. Девојчето, за кое се вели дека има три или четири години, било прекриено со прашина, но немало повреди.

    „Таа ни се насмевна, нѐ чекаше“, изјави еден од спасувачите, додавајќи дека била заглавена зад машина за перење алишта, што ја заштитило од повреди.

    „Името на нашето чудо после 91 час е Ајда“, изјави министерот за внатрешни работи Мурат Курум, но подоцна откри дека нејзината мајка загинала.

    Петочниот земјотрес во Егејско Море од 6,9 степени според Рихтерова скала е најсилниот што ја погоди Турција во изминатата деценија. Две деца загинаа и на грчкиот остров Самос, а повредени се 1.026 луѓе.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира