ДИРЕКТОРКАТА НА ТАЈНАТА СЛУЖБА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПОРАДИ АТЕНТАТОТ ВРЗ ТРАМП

    ДИРЕКТОРКАТА НА ТАЈНАТА СЛУЖБА ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ПОРАДИ АТЕНТАТОТ ВРЗ ТРАМПКимберли Читл вчера сведочеше речиси шест часа пред комитет на Претставничкиот дом (Фото: АП)

    Директорката на американската Тајна служба, Кимберли Читл, поднесе оставка поради пропустите на нејзината агенција при обидот за атентат врз Доналд Трамп, објавија американските медиуми.

    Читл вчера сведочеше речиси шест часа пред комитет на Претставничкиот дом, при што презеде одговорност за безбедносните пропусти и призна дека инцидентот претставува најзначајната оперативна грешка на Тајната служба во изминатите децении. Сепак, законодавците од двете партии ги исмеваа нејзините одговори и ја повикаа да поднесе оставка.

    Преземам целосна одговорност за безбедносните пропусти и затоа со тешко срце донесов одлука да се повлечам од директорската функција“, кажа Читл.

    Читл, која дојде на оваа функција во август 2022, се соочи со силен притисок и неколку истраги околу тоа како се дозволило атентаторот да се најде така блиску до Доналд Трамп на митингот на отворено во Пенсилванија на 13 јули.

    Читл вчера призна дека на Тајната служба ѝ било кажано за сомнително лице два до пет пати пред пукањето. Таа исто така откри дека покривот од кој Томас Крукс отворил оган бил идентификуван како потенцијална ранливост неколку дена пред митингот, но не успеа да одговори на многу прашања за тоа што се случило, вклучително и зошто немало агенти стационирани на покривот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира