Ерменија и Азербејџан се согласија на привремено примирје во конфликтот во спорниот регион Нагорно-Карабах. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров соопшти дека двете страни се договориле за прекин на огнот по десетчасовни преговори во Москва. Лавров додаде дека Ерменија и Азербејџан сега ќе почнат суштински разговори.
Повеќе од 300 луѓе загина и илјадници се раселени откако изби конфликтот на 27 септември. Примирјето ќе почне да важи од денеска напладне по локално време за да се овозможи размена на заробеници и земање на мртвите од фронтот. Нагорно-Карабах е контролиран од Ерменци, иако официјално е дел од Азербејџан.