Ерменија соопшти дека еден нејзин борбен авион бил соборен од турски авион, во голема ескалација на конфликтот во спорниот регион Нагорно-Карабах.
Министерството за надворешни работи кажа дека пилотот на „СУ-25“ загинал откако бил погоден од турски авион „Ф-16“ во ерменскиот воздушен простор. Турција, која го поддржува Азербејџан во конфликтот, го негираше ова тврдење.
„Ерменија подобро да се повлече од окупираните територии место да се служи со евтини пропагандни трикови“, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
За разлика од Турција, Азербејџан тврди дека не поседува борбени авиони „Ф-16“.
„Турскиот авион влегол 60 километри во ерменскиот воздушен простор“, изјави портпаролот на министерството за одбрана Шушан Степанијан.
Речиси 100 луѓе, вклучувајќи и цивили, загинаа во тридневните борби во Нагорно-Карабах, кој е признат како дел од Азербејџан, но од 1994 година е под контрола на етничките Ерменци.