Германија промовираше специјална нова воена единица задолжена за борба против хакерски напади, која ако е потребно и ќе возврати на сајбер нападите.
Министерката за одбрана Урсула фон дер Лејен изјави дека единицата ќе биде целосно оперативна до 2021 година. Единицата ќе користи експерти во информатички технологии од други оддели во војската. Предвидено е да брои 13.500 војници и цивили.
Единицата е под команда на генерал-полковник кој има 260 војници под негова команда.
Министерството за одбрана соопшти дека секојдневно се соочува со илјадници хакерски напади на германските сервери.
За време на промоцијата на единицата во Бон Фон дер Лејен им кажа на војниците дека „кога нападот ја загрозува работата и капацитетот на вооружените сили, тогаш може да се одбраниме себеси офанзивно.“