Берлинската полиција соопшти дека човекот осомничен за убиство на постар човек за да ја зема неговата пензија цела деценија пред да биде најдено неговото тело во фрижидер нашол нова жртва.
92-годишната Ирна Куровски не е видена од крајот на 2000 година и живеела во истата зграда во квартот Пренцлојер во Берлин, како и 55-годишниот осомничен, велат од полицијата. Осомничениот, чие име полицијата не го објави, имал пристап до нејзината сметката со пензиите.
Осомничениот беше уапсен пред две недели за убиство на 90-годишен маж, чие тело беше најдено во фрижидер во неговиот стан. Видео снимките од безбедносните камери го покажаа осомничениот како пристапува до банкарската сметка на убиениот маж и полицијата најде лични предмети на жртвата кај осомничениот.