ГРЦИЈА ЌЕ ИМ НАПЛАЌА 20 ЕВРА НА ТУРИСТИТЕ КОИ СО КРУЗЕРИ ДОАЃААТ НА МИКОНОС И САНТОРИНИ

    ГРЦИЈА ЌЕ ИМ НАПЛАЌА 20 ЕВРА НА ТУРИСТИТЕ КОИ СО КРУЗЕРИ ДОАЃААТ НА МИКОНОС И САНТОРИНИГрчките власти велат дека само некои места имаат проблем со претераниот туризам. Крузер во пристаништето на Родос (Фото: СДК.МК)

    Грција ќе воведе давачка од 20 евра за туристите кои со крузери пристигнуваат на островите Миконос и Санторини на врвот на летната сезона, објави премиерот Кирјакос Мицотакис.

    Грција е силно зависна од туризмот, кој е главниот двигател на економијата, но некои од најпопуларните дестинации се соочуваат со опасност да бидат оштетени од преголемиот број посетители. Една од нив е Санторини, кој има 20.000 постојани жители.

    Зборувајќи за главните економски политики за 2025. Мицотакис кажа дека претераниот туризам е проблем само за неколку дестинации.

    Грција нема генерален проблем со претераниот туризам. Тој е присутен само на неколку места, и тоа во одредени недели и месеци од годината. Ќе се справиме со тоа. Крузерите ги преплавија Миконос и Санторини и затоа таму треба да интервенираме“, кажа Мицотакис, објавувајќи ја мерката со давачката.

    Дел од овие приходи ќе бидат инвестирани локално, додаде тој.

    Грција лани имаше приходи од туризмот од 20 милијарди евра, а 31 милион туристи ја посетија земјата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира