ХАМАС ГИ ПРЕДАДЕ ТЕЛАТА НА БРАЌАТА БИБАС, НАЈМЛАДИТЕ ЗАЛОЖНИЦИ ЗЕМЕНИ НА 7 ОКТОМВРИ 2023

    ХАМАС ГИ ПРЕДАДЕ ТЕЛАТА НА БРАЌАТА БИБАС, НАЈМЛАДИТЕ ЗАЛОЖНИЦИ ЗЕМЕНИ НА 7 ОКТОМВРИ 2023Хамас денеска ги предаде телата на четворица израелски заложници (Фото: АП)

    Израел ги предаде телата на израелското доенче Кфир Бибас и неговиот четиригодишен брат Ариел, двајцата најмлади заложници земени на 7 октомври 2023, кои станаа едни од најмоќните симболи на траумата доживеана тој ден.

    Возилата на Црвен крст ги презедоа четирите црни ковчези што припадници на Хамас ги положија на бина во градот Хан Јунис во Појасот Газа, а покрај браќата Бибас, беа предадени и телата на нивната мајка Шири и на уште еден починат заложник, Одед Лифшиц.

    „Ова е многу тежок ден за нашата држава, вознемирувачки ден, ден на жалење“, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

    Кфир Бибас имаше само девет месеци кога неговото четиричлено семејство беше киднапирано од кибуцот Нир Оз при упадот на палестинските милитанти во Израел. Во ноември 2023, Хамас објави дека браќата Бибас и нивната мајка загинале во израелски воздушен напад, но нивната смрт никогаш не беше потврдена од израелските власти.

    Таткото Јарден Бибас беше вратен во Израел во размена на заложници и затвореници овој месец.

    Хамас в сабота ќе ослободи уште шестмина живи заложници во замена за стотици палестински затвореници. Во првата фаза од договорот за примирје, Хамас се согласи да ослободи 33 заложници и досега се пуштени 19, плус петмина Тајланѓани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира