ХУТИТЕ КАПИТУЛИРАА, ВЕЌЕ НЕМА ДА ГО НАПАЃАМЕ ЈЕМЕН, КАЖА ТРАМП

    ХУТИТЕ КАПИТУЛИРАА, ВЕЌЕ НЕМА ДА ГО НАПАЃАМЕ ЈЕМЕН, КАЖА ТРАМПАмериканската војска кажа дека од март погодила илјада цели во Јемен (Фото: АП)

    Доналд Трамп кажа дека САД ќе престанат да ги ракетираат хутите во Јемен зашто тие капитулирале, додека Оман објави дека групата се согласила дека веќе нема да ги напаѓа бродовите во Црвеното Море.

    Хутите не сакаат да се борат и ние ќе го почитуваме тоа и веќе нема да ги бомбардираме. Тие капитулираа“, изјави Трамп.

    Набргу потоа, оманското министерство за надворешни работи кажа дека двете страни се договориле веќе да не се напаѓаат меѓусебно и ќе се обезбеди слобода на навигација и непречен проток на меѓународните комерцијални бродови. Хутите досега не го коментираа ова.

    САД ги засилија воздушните напади врз хутите во март и американската војска кажа дека оттогаш биле погодени илјада цели во Јемен.

    Хутите веќе нема да разнесуваат бродови, што е она што сакавме да го постигнеме. Тие објавија, односно барем на нас ни кажаа, дека веќе не сакаат да се борат. Што е уште поважно, ги држиме за збор“, рече Трамп.

    Хутите почнаа да ги напаѓаат бродовите во Црвеното Море во знак на солидарност со Палестинците во Газа. Притоа лансираа десетици проектили и дронови кон комерцијални бродови, при што потопија и два и зазедоа еден. Нападите ги принудија големите бродски компании да престанат да ја користат рутата преку Црвеното Море.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира