Полицијата покрена потрага по градоначалникот на Сеул, Парк Вон-сон, кој се води како исчезнат.
Сигналот од неговиот мобилен телефон за последен пат бил детектиран во близина на мал рид во Сеул и потрагата сега е фокусирана на тој дел. Телефонот моментално е исклучен, кажа полицијата.
Ќерката на Парк изјави дека тој пред да излезе од дома, оставил гласовна порака која звучела како тестамент.
Шеесет и четиригодишниот Парк беше избран за градоначалник во 2011, а во јуни минатата година го освои третиот и последен мандат. Тој не се појавил на работа денеска, откажувајќи претходно договорен состанок.