ИСЧЕЗНА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СЕУЛ, ОСТАВИЛ ГЛАСОВНА ПОРАКА ПРЕД ДА ИЗЛЕЗЕ ОД ДОМА

    ИСЧЕЗНА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СЕУЛ, ОСТАВИЛ ГЛАСОВНА ПОРАКА ПРЕД ДА ИЗЛЕЗЕ ОД ДОМАПарк Вон-сон денеска не се појавил на работа откако претходно откажал состанок (Фото: ЕПА)

    Полицијата покрена потрага по градоначалникот на Сеул, Парк Вон-сон, кој се води како исчезнат.

    Сигналот од неговиот мобилен телефон за последен пат бил детектиран во близина на мал рид во Сеул и потрагата сега е фокусирана на тој дел. Телефонот моментално е исклучен, кажа полицијата.

    Ќерката на Парк изјави дека тој пред да излезе од дома, оставил гласовна порака која звучела како тестамент.

    Шеесет и четиригодишниот Парк беше избран за градоначалник во 2011, а во јуни минатата година го освои третиот и последен мандат. Тој не се појавил на работа денеска, откажувајќи претходно договорен состанок.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира