ИСЧЕЗНАТИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СЕУЛ ПРОНАЈДЕН МРТОВ

    ИСЧЕЗНАТИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СЕУЛ ПРОНАЈДЕН МРТОВПарк Вон-сон вчера бил пријавен во полиција за сексуално вознемирување (Фото: АП)

    Полицијата соопшти дека по седумчасовна потрага го пронашла телото на исчезнатиот градоначалник на Сеул, Парк Вон-сон. Тоа било лоцирано на рид во јужниот дел на Сеул, каде што за последен пат бил детектиран сигнал од неговиот мобилен телефон.

    Потрагата почнала откако ќерката на Парк ја известила полицијата дека тој го напуштил домот, оставајќи гласовна порака која личела на тестамент.

    Јужнокорејските медиуми објавија дека една од секретарките на Парк вчера пријавила во полиција дека тој сексуално ја вознемирувал. Тој денеска не се појавил на работа откако претходно откажал договорен состанок.

    Шеесет и четиригодишниот Парк беше избран за градоначалник во 2011, а во јуни минатата година го освои третиот и последен мандат.

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира