Трудна патничка на лет на авиокомпанијата „Рајанер“ дознала дека нејзиниот 33-годишен сопруг починал откако авионот со кој што патувале принудно слетал во Торино. Италијанскиот весник „Ла Стампа“ објави дека сопружниците Џузепе и Федерика Стило не седеле еден до друг во авионот што летал од Торино за Ламеција.
Пилотот решил да го врати авионот во Торино откако дознал дека на еден патник му се слушило. Авионот се вратил на аеродромот во Торино 36 минути по полетувањето. Во меѓувреме, двајца лекари кои биле во авионот се обиделе со дефибрилатор да оживеат маж кој претрпел срцев удар. Откако авионот слетал во 11:36 часот, тие биле пречекани од брза помош, при што лекарите употребиле адреналин и дефибрилатор за да му помогнат на Стило.
„Ла Стампа“ објави дека за тоа време жената, која седела во задниот дел од авионот, им пишувала пораки на роднини дека итно морале да слетаат зашто на еден патник му се слошило. Таа дознала за смртта на сопругот дури по слетувањето, по што била превезена во болница во Торино во состојба на шок.