ИЗВРШНИОТ ШЕФ НА „ВАШИНГТОН ПОСТ“ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОТКАКО ЕДНА ТРЕТИНА ОД ВРАБОТЕНИТЕ ДОБИЈА ОТКАЗ

    ИЗВРШНИОТ ШЕФ НА „ВАШИНГТОН ПОСТ“ ПОДНЕСЕ ОСТАВКА ОТКАКО ЕДНА ТРЕТИНА ОД ВРАБОТЕНИТЕ ДОБИЈА ОТКАЗВилијам Луис кажа дека биле донесени тешки одлуки за да се обезбеди иднината на весникот (Фото: АП)

    Извршниот шеф на „Вашингтон пост“, Вилијам Луис, објави дека се повлекува од функцијата, неколку дена откако весникот најави масовни отпуштања. Во порака до вработените, Луис кажа дека сега е вистинско време да си замине и дека биле донесени тешки одлуки за да се обезбеди иднината на весникот.

    Оваа недела, весникот во сопственост на милијардерот Џеф Безос објави дека ќе го скрати бројот на вработените за една третина, значително намалувајќи го покривањето на спортските и меѓународните вести. Извршниот уредник Мет Мареј ја бранеше одлуката, велејќи дека тоа ќе донесе стабилност.

    Стотици луѓе протестираа пред седиштето на весникот во четвртокот по најавата за масовни отпуштања, што ги вклучи и дописникот од Украина и целиот тим за Блиски Исток.

    Заминувањето на Луис е најновиот потрес за водечкиот американски весник, кој во последниве години доживеа серија намалувања на персоналот и контроверзни уреднички одлуки. Пред претседателските избори во 2024, Безос ја прекина повеќедецениската традиција, одлучувајќи дека весникот нема да поддржи ниеден кандидат. Основачот на „Амазон“ го купи весникот во 2013 година за 250 милиони долари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира