Јордан заплени еден тон апчиња амфетамин што се шверцуваа во паста од урми на границата со Ирак. Вкупно шест милиони таблети од дрогата позната како каптагон биле пронајдени во два камиони-ладилници. Ова е едно од најголемите количестав запленети досега, соопшти јорданската царина.
Каптагон, наречен „кокаинот на сиромавиот“, се произведува во огромни количини во Сирија, која децениската војна ја претвори во наркодржава. Во екот на конфликтот, милитантните групи им доставуваа оваа дрога на борците – која често е преполна со кофеин – за да ја зголемат нивната храброст. Со растечката сиромаштија, многу обични Сиријци се вклучија во трговијата, која сега вреди многу повеќе од кој било легален извоз.
Иако имаше деманти од сириската влада, извештаите ги поврзуваат моќните фигури во бизнисот и војската со производството и дистрибуцијата на каптагон. Амфетаминот се шверцува во соседните земји, како Јордан и Либан. Крајната дестинација е често во заливските држави каде што има голем пазар. Последната заплена е извршена на граничниот премин Ал-Карамах меѓу Ирак и Јордан.