ЈУЛИ БЕШЕ НАЈТОПОЛ МЕСЕЦ ВО ИСТОРИЈАТА, ОН ВЕЛИ ВЕЌЕ НЕМА ПРОСТОР ЗА ОПРАВДУВАЊА

    ЈУЛИ БЕШЕ НАЈТОПОЛ МЕСЕЦ ВО ИСТОРИЈАТА, ОН ВЕЛИ ВЕЌЕ НЕМА ПРОСТОР ЗА ОПРАВДУВАЊАСпоред ОН, податоците претставуваат аларм за тревога за човештвото. (Фото: Гети)

    Јули беше најтоплиот месец во историјата, објави Американската државна научна и регулаторна агенција.

    Според мерењата, комбинираната температура на копното и површината на океанот била за 0.93 Целзиусови степени над просечната од 20. век, 15.8 Целзиусови степени.

    Ова е највисока температура, откако почнаа да се забележуваат мерењата пред 142 години. Претходниот рекорд од јули 2016, беше надминат во 2019 и 2020.

    Експертите веруваат дека ова се должи на долгорочните влијанија на климатските промени. Според научниците, од 1970 година, глобалната температура на површината се зголеми побрзо отколку во кој било друг 50-годишен период во изминатите 2.000 години.

    „Оваа ‘незавидна разлика’ е причина за загриженост. Во овој случај, првото место, е најлошото место“, стои во изјавата на Националната управа за океани и атмосфера.

    Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш изјави дека „податоците претставуваат аларм за тревога за човештвото“.

    „Ако сега ги споиме силите, можеме да спречиме климатска катастрофа. Но, јасно е, веќе нема време за одложување и нема простор за оправдувања“, изјави Гутереш.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира