ЈУЖНА КОРЕЈА ПО ДВА ДЕНА ПАК ГИ ЗАТВОРИ УЧИЛИШТАТА ПО НАГЛИОТ ПОРАСТ НА БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУС

    ЈУЖНА КОРЕЈА ПО ДВА ДЕНА ПАК ГИ ЗАТВОРИ УЧИЛИШТАТА ПО НАГЛИОТ ПОРАСТ НА БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ СО КОРОНАВИРУСИлјадници деца во средата се вратија на училиште откако почнаа да се олеснуваат рестриктивните мерки (Фото: Гети)

    Повеќе од 200 училишта во Јужна Кореја се затворени само неколку дена откако повторно беа отворени, откако е забележан нов пораст на бројот на случаи на коронавирус.

    Илјадници деца во средата се вратија на училиште откако земјата почна да ги олеснува рестриктивните мерки, но само ден подоцна беа регистрирани 79 нови случаи на коронавирус, што е најголема дневна бројка во последните два месеца.

    Најголем дел од нив се поврзуваат со еден голем дистрибуциски центар во близина на Сеул. Здравствените власти кажаа дека траги на коронавирусот се пронајдени на чевлите и облеката на вработените. Се верува дека бројот на заразени ќе расте, бидејќи се тестираат илјадници вработени во центарот во градот Бучеон. Денеска се потврдени нови 58 случаи на зараза.

    Властите наредија затворање на сите 251 училиште во Бучеон, а одложено е отворањето на повеќе од 100 училишта во Сеул. 

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира