КАСАРНАТА ВО МАКИВКА БИЛА РАКЕТИРАНА ОТКАКО РУСКИТЕ ВОЈНИЦИ КОРИСТЕЛЕ МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ, БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИТЕ ЗГОЛЕМЕН НА 89

    КАСАРНАТА ВО МАКИВКА БИЛА РАКЕТИРАНА ОТКАКО РУСКИТЕ ВОЈНИЦИ КОРИСТЕЛЕ МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ, БРОЈОТ НА ЗАГИНАТИТЕ ЗГОЛЕМЕН НА 89Ракетираната касарна во Макивка е срамнета со земја (Фото: АП)

    Русија кажа дека новогодишниот ракетен напад на касарна во Макивка во окупираниот дел на Доњецк се случил зашто руските војници користеле мобилни телефони. Официјалната бројка на загинати руски војници во меѓувреме порасна од 63 на 89 и тоа е најсмртоносниот инцидент што Русија го признала од почетокот на војната.

    Недозволеното користење мобилни телефони му овозможило на непријателот да ја лоцира метата. Истрагата веќе е почната“, кажаа од руското министерство за одбрана.

    Украина тврди дека во нападот загинале 400 руски војници, а уште 300 се ранети. Во привремената касарна биле сместени новомобилизирани војници.

    Русија кажа дека нападот се случил една минута по полноќ во новогодишната ноќ, кога биле испукани шест ракети од американскиот систем ХИМАРС, од кои две биле соборени.

    Очигледно е дека главната причина за нападот е масовната употреба на мобилни телефони од страна на војниците во дострелот на украинското оружје, и покрај тоа што тие биле забранети. Оние за кои истрагата ќе утврди дека се одговорни ќе бидат казнети. Веќе се преземаат мерки за иабегнување вакви настани во иднина“, соопшти руското министерство за одбрана.

    Руските воени блогери велат дека обемот на уништувањето се должи на тоа што муницијата била складирана веднаш до касарната, иако заповедниците знаеле дека таа е во дострелот на украинските ракети. Некои руски коментатори и политичари ја обвинија војската за некомпетентност и повикаа да има казни и одговорност.

    Владимир Путин досега не се огласил за нападот, но вчера потпиша указ според кој семејствата на загинатите припадници на националната гарда ќе добијат по 69.000 долари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира