Авион на внатрешен лет во Либија беше киднапиран и пренасочен во Малта, каде слета утринава, јавија малтешките медиуми.
Двајца киднапери се заканиле дека ќе го разнесат Ербасот 320, во кој има 118 патници и екипаж, објави „Тајмс оф Малта“. Авионот летал од Себха во југозападна Либија до Триполи за државната авиокомпанија „Африкија Ервејс“.
Малиот медитерански остров Малта се наоѓа на 500 километри северно од либискиот брег. Малтешкиот премиер Џозеф Мускат на Твитер напиша: „Информиран сум за потенцијална ситуација со киднапирање на внатрешен либиски лет пренасочен во Малта. Безбедносните операции се на готовс’.