КРЕМЉ ОДБИ ДА КОМЕНТИРА ДАЛИ ГЕНЕРАЛОТ СУРОВИКИН Е ПРИВЕДЕН, РУСКИ БЛОГЕРИ ВЕЛАТ ДЕКА Е ПОЧНАТА ЧИСТКА ВО ВОЈСКАТА

    КРЕМЉ ОДБИ ДА КОМЕНТИРА ДАЛИ ГЕНЕРАЛОТ СУРОВИКИН Е ПРИВЕДЕН, РУСКИ БЛОГЕРИ ВЕЛАТ ДЕКА Е ПОЧНАТА ЧИСТКА ВО ВОЈСКАТАГенералите Герасимов и Суровикин се заповедници на руските воени операции во Украина

    Највисоките руски генерали ги снема од јавност по саботната неуспешна побуна на платениците на „Вагнер“, чија цел беше соборувањето на раководството на руската војска. Непотврдени извештаи велат дека е уапсено најмалку едно лице.

    Шефот на генералштабот на руската војска Валери Герасимов не се појавил во јавност откако Евгени Пригожин тргна на Москва за да го смени. Тој не е спомнат во извештаите на министерството за одбрана од 9 јуни. Герасимов (67) е главен заповедник на руските воени операции во Украина и носител на една од трите „нуклеарни чанти“ на Русија.

    Покрај него, од јавноста го снема и неговиот заменик, генералот Сергеј Суровикин, за кого американските разузнавачи кажаа дека знаел дека Прогожин спрема побуна, што руските власти сега го испитувале. Американците велат дека Суровикин го поддржувал Пригожин, но не знаат дали му помогнал со побуната на некој начин.

    Сајтот „Москоу тајмс“ и еден воен блогер објавија дека Суровикин бил уапсен, додека други руски воени известувачи кажаа дека тој и други високи офицери биле испрашувани од Федералната служба за безбедност за да се утврди нивната лојалност.

    Кремљ денеска одби да ја коментира ситуацијата околу Суровикин, додавајќи дека тоа е прашање за министерството за одбрана.

    Влијателниот канал на Телеграм, „Рибар“, објави дека чистка е во тек.

    Вооружената побуна на ‘Вагнер‘ стана изговор за голема чистка во редовите на руската војска. Властите се обидуваат да го елиминираат воениот персонал за кој се смета дека покажал неодлучност во задушувањето на бунтот“, објави „Рибар“.

    Некои руски и западни аналитичари сметаат дека позицијата на министерот за одбрана Шојгу е сигурна, а многу добил и генералот Виктор Золотов, шефот на Националната гарда, кој кажа дека неговите војници ќе се борат до смрт за да ја одбранат Москва од „Вагнер“. Најавено е дека по побуната, Националната гарда ќе биде опремена со тенкови и тешко оружје.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира