ЛОНДОНСКИОТ КЛУБ ГАРИК ИМ ДОЗВОЛИ НА ЖЕНИТЕ ДА БИДАТ ЧЛЕНОВИ ЗА ПРВПАТ ОД ОСНОВАЊЕТО ВО 1831

    ЛОНДОНСКИОТ КЛУБ ГАРИК ИМ ДОЗВОЛИ НА ЖЕНИТЕ ДА БИДАТ ЧЛЕНОВИ ЗА ПРВПАТ ОД ОСНОВАЊЕТО ВО 1831Приватниот машки клуб беше под притисок да прими и жени во своето членство (Фото: Гети)

    Членовите на клубот Гарик во Лондон изгласале да им се дозволи на жените да се приклучат на оваа установа. Приватниот семашки клуб, основан во 1831 година, беше под притисок да прими и жени во своето членство.

    Шефот на јавната служба Сајмон Кејс и началникот на МИ6 Ричард Мур неодамна поднесоа оставки од клубот откако беше откриена неговата членска листа.

    По анализата на правилата на клубот, судиите заклучиле дека во уставот на Гарик нема ниедна одредба која би ги спречила жените да станат членови.

    Листата членови на Гарик прв ја објави весникот „Гардијан“ и меѓу нив се кралот, судии, адвокати, министри, пратеници, професори, актери, музичари и новинари.

    Гарик не е тајно друштво на мажи кои од сенка ја водат државата. Тоа е само пријатно место каде што луѓето доаѓаат, ручаат и вечераат и тоа важи и за жените“, изјави бившиот министер за култура Лорд Вејзи.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира