МЕ ИЗБРАА ДА ГО РАСЧИСТАМ НЕРЕДОТ ШТО ГО ОСТАВИ ЛИЗ ТРАС, РЕЧЕ НОВИОТ БРИТАНСКИ ПРЕМИЕР РИШИ СУНАК

    МЕ ИЗБРАА ДА ГО РАСЧИСТАМ НЕРЕДОТ ШТО ГО ОСТАВИ ЛИЗ ТРАС, РЕЧЕ НОВИОТ БРИТАНСКИ ПРЕМИЕР РИШИ СУНАКРиши Сунак денеска го доби мандатот од кралот Чарлс Трети (Фото: АП)

    Новиот британски премиер Риши Сунак изјави дека ќе се обиде да го расчисти нередот што го остави неговата претходничка Лиз Трас, да ја обнови вербата во политиката и да се справи со длабоката финансиска криза, но ја предупреди земјата дека ќе има тешки одлуки.

    Тој вчера беше избран за нов лидер на Конзервативната партија, а денеска ја презеде и премиерската функција, откако Трас поднесе оставка во петокот по пропаста на нејзината економска програма.

    „Лиз Трас направи некои грешки, но немаше лоши намери. Мене ме избраа да ги поправам и веднаш почнувам со работа. Во срцето на агендата на мојата влада ќе биде економска стабилност, што значи дека ќе има тешки одлуки во наредниот период“, изјави Сунак, еден од најбогатите британски политичари.

    Тој призна дека е свесен дека станува премиер во многу тежок момент, но додаде дека не се плаши од предизвици.

    „Подготвен сум да ја водам земјата кон иднината и да ги ставам вашите потреби над политиката. Ќе составам влада која ќе биде најдоброто од мојата партија“, изјави Сунак во своето прво обраќање како премиер.

    Со 42 години, тој е најмладиот британски премиер во последните два века и прв со азиско потекло.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира