МОДНАТА ИКОНА КАРЛ ЛАГЕРФЕЛД ПОЧИНА НА 85 ГОДИНИ

    МОДНАТА ИКОНА КАРЛ ЛАГЕРФЕЛД ПОЧИНА НА 85 ГОДИНИЛагерфелд помина рекордни 36 години во модниот гигант „Шанел“ (Фото: Гети)

    Германскиот креатор Карл Лагерфелд, едно од најзначајните имиња во модната индустрија, почина на 85 години во Париз. Тој имаше здравствени проблеми во изминатите недели, поради што пропушти неколку големи модни настани.

    Лагерфелд, кој ја почнал кариерата како асистент на Пјер Балмен во 1955 година, му се придружи на „Шанел“ во 1983 и потоа стана негов креативен директор, останувајќи активен во светот на модата до својата смрт.

    Освен за „Шанел“, тој дизајнираше колекции и за својот истоимен бренд, што го почна во 1984 година, како и за модната куќа „Фенди“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира